(Видео) Пендаровски: Очекувам во мојот втор мандат да станеме земја ченка на ЕУ
Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски денеска ја најави дека влегува во трка за втор претседателски мандат и тоа како граѓански кандидат.
Претседателските избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори.
Според Пендаровски првата и главна причина што се одлучил за таков чекор е што зад себе имал мандат без ниту една направена стратешка грешка, без ниту една корупциона афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со него, неговото семејство, роднини, пријатели или најблиски соработници.
Пендаровски потсети дека во неговиот прв мандат државата станала членка на НАТО и очекува дека во вториот мандат, државата ќе стане земја членка на ЕУ.
Во недела, Пендаровски ќе присуствува на Конгресот на СДСМ за да им се заблагодари на поддршката, а од понеделник натаму ќе имам средби со сите десетина партии кои ја најавија својата поддршка за неговата кандодатура, од кои ќе сакам да слушнам предлози што би можел да ги вградам во изборната програма.
,,Како што најавив, станува збор за граѓанска кандидатура, поради тоа ги повикувам сите граѓани почнувајќи од 3 март, да дадат поддршка за мојата кандиатура со давање потписи во подрачните единици на ДИК”, рече Пендаровски.