Хаос во Санкт Петербург: Експлозија по пад на дрон, оштетена куќа, засега нема повредени


Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, објави дека во градскиот кварт Красногварде се случил „инцидент“ во кој делумно се оштетени балконите на две куќи, но дека нема повредени.
„Министерството за вонредни ситуации и припадници на полицијата работат на местото на инцидентот во областа Красногварде. Нема повредени“, напиша Белглов на Телеграм.
Тој изјави дека станарите од тие објекти се евакуирани, пренесува РИА Новости.
Силна експлозија го потресе рускиот град Санкт Петербург рано утринава, откако беспилотно летало удрило во станбена зграда, јавија локалните медиуми, а пренесува Раша тудеј.
Како што пренесува локалниот весник Фонтанка, експлозијата се случила во северниот дел на градот, а фасадата на станбениот блок е „сериозно оштетена“.
Весникот „Известија“ објави и дека во Санкт Петербург имало експлозија која оштетила две згради и дека нема жртви.
