СДСМ: Ново убиство, началниците и техничкиот министер во МВР немаат капацитет

Од
Објавено на

“Ново убиство, началниците и техничкиот министер на ДПМНЕ во МВР немаат капацитет
Техничкиот министер на ДПМНЕ, Тошковски и неговите началници немаат капацитет”, обвини СДСМ и додава:
Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.
Се уште нема разрешница за овие настани.
Ново убиство е случи и во Прилеп, каде свирепо беше убиено малолетно момче.
Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР?
Безбедноста на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност.
