Македонија

Наместо да му помогне, му го земала паричникот: Жена ограбила починат маж во Велес

Полицијата ја уапси жената, која вчераутро го ограби 54-годишниот велешанец, веднаш откако му се слошило, паднал и починал, пишува Батали.нет. Се работи за 32-годишна жителка на Велес, која, иако била во непосредна близина кога човекот почнал да губи свест, наместо да му помогне, му го одзела паричникот и си заминала.

„На 01.03.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С.(32) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ.(54) од Велес одзела пари. Имено, според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите. Таа е задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Велешанецот Т.Ѓ., вчера околу 10 часот почина, откако движејќи се кај дуќаните на Нов ност во Велес, му се слошило. Јавен обвинител даде наредба за обдукција на телото, за да се утврди точната причина за смртта.

 

 

На почеток