Македонија

Нова трагична несреќа: Еден загинат, две лица повредени на патот Штип-Велес

Фото: Илустрација

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино.

Двете повредени лица во сообраќајната несреќа се пренесени во болница.

Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички, соопшти полицијата.

Ова е втора несреќа во 24 часа. Вчеравечер, загина скопјанец, а дете е повредено и примено во болница. Несреќата се случи после Стража.

На почеток