Свет

„Саботери го кренаа во воздух мостот, Русите го искористија за префрлање муниција“: Нов удар за Путин и тоа во срцето на Русија

Железничкиот сообраќај е во прекин по експлозија на мост недалеку од градот Чапаевск во руската област Самара, како што соопштија денеска оперативните служби, додека ТВ Некста на мрежата „Х“ (Твитер) пишува дека „саботери го разнеле мостот во регионот Самара“.

„Се користеше за транспорт на муниција. Според руските медиуми, причина за експлозијата била импровизирана експлозивна направа. Непознати лица се обиделе да ја детонираат потпората на мостот на река Чапевка, при што била оштетена металната конструкција и преградите на мостот, но бетонскиот столб не бил оштетен. Украинските разузнавачи тврдат дека мостот се користел „за транспорт на воен товар, особено инженерска муниција“, се наведува во објавата.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, во објава на „Х“ изјави дека руските медиуми известуваат за штетата предизвикана од експлозијата на железничкиот мост во областа Самара.

„Како што е наведено, железничкиот сообраќај преку мостот е во прекин, а неколку возови доцнат. Наводно, на мостот биле оштетени металните конструкции, но не и бетонските носачи. Украинската разузнавачка служба ја потврди вистинската штета. Со оглед на природата на оштетувањето на железничкиот мост, неговата употреба во следните неколку недели е невозможна, соопштија разузнавачите. Русија го користеше железничкиот крак за транспорт на воен товар, особено инженерска муниција произведена во фабриката „Полимер АД“ во градот Чапаевск во областа Самара“, пишува Герашченко во објавата.

Како што пишува руската агенција ТАСС, поради експлозијата доцнат пет воза во областа Самара.

– Пет меѓуградски воза доцнеа во близина на Чапаевск во руската област Волга во Самара, бидејќи беше активирана експлозивна направа – изјави за ТАСС локален железнички оператор.

На почеток