Свет

Хорор на Западниот Брег: Тинејџер загина во напад на израелските сили на Рамала

Почина француски дипломат повреден во бомбашки напад во Газа

Синоќа израелските сили упаднаа во Рамала, окупираниот административен центар на автономната палестинска територија на Западниот Брег, убивајќи 16-годишно момче од бегалски камп.

Вечерашниот упад на Израел во Рамала е најголемиот напад врз овој град во последните години, соопштија денеска палестински извори, пренесува Ројтерс. Очевидци на израелскиот напад на Рамалах потврдија дека израелските сили донеле десетици воени возила во градот каде со седиштето на палестинската управа раководи претседателот Махмуд Абас.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили застрелале и го убиле 16-годишниот Мустафа Абу Шалбак за време на рацијата на бегалскиот камп Амарија, а палестинската новинска агенција ВАФА објави дека израелските сили упаднале во кампот пукајќи со боева муниција врз палестинската младина, удирајќи го Абу Шалбака во вратот и градите.

Паралелно со војната во Појасот Газа, насилството е во пораст низ Западниот Брег со најмалку 400 Палестинци убиени во судирите со израелските војници и доселеници. Израелската војска не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

На почеток