Левица: Пасокизација на СДС и на меѓународно ниво – Ковачевски понижен од Европските социјалисти
„Меѓународно изолирана и препознаена од Европските социјалисти како партија чија идеологија нема допирна точка со социјална правда и заштита на работниците, СДС во последните недели од нивното криминално владеење со Македонија доживува фијаско и на меѓународно ниво. Влијателниот меѓународен медиум Политико известува дека Димитар Ковачевски и неговите сопартијци Радмила Шеќеринска и Бојан Маричиќ биле понижени на собирот на Партијата на Европските социјалисти во Рим, каде што иако бил поканети, организаторите не му досволиле да влезе на настанот!
Ова фијаско на СДС е уште една потврда за неспособноста на оваа анти-македонска партија и дека нивната вазална меѓународна политика не придонесува за создавање на меѓународни пријателства и стекнување почит, но и силен сигнал од социјалистичките партии во Европскиот парламент дека овие лажни левичари се разоткриени не само од домашната јавност, туку и во Европа и светот!
На претстојните избори следува почеток на процесот на целосно исчезнување на СДС од политичката сцена во Македонија и нивна пасокизација од страна Левица, како автентична и вистинска левичарска опција, која континуирано продолжува да гради меѓународни пријателства во корист на Македонија и да се вмрежува со бројни сродни политички организиции и партии ширум светот.
Левица учествувала на затворен состанок на парламентарната група на европската Левица и во подготовките за Европскиот форум на прогресивни, леви и зелени сили; сме имале средби со претставници на Ди Линке, Комунистичка партија на Ирска, додека на работни состаноци сме се сретнале со Комунистичка партија на Австрија, независните европарламентарци Клер Дејли и Мик Волас (кои беа и на нашиот Пленум). Соработуваме и со Комунистичката партија на Кина и Комунистичката партија на Руската Федерација“ вели Левица.