Свет

Пожар на Света Гора, целосно уништена ќелија на манастир

Според грчките медиуми, пред два дена избувнал пожар во ќелија која се наоѓа во близина на административниот центар на Света Гора, а ќелијата на Светиот великомаченик Пантелејмон, која припаѓа на манастирот Кутлумуси, речиси целосно била изгорена.

Според грчките медиуми, пожарот во ќелијата, која се наоѓа во близина на административниот центар на Света Гора, Кариес, избувнал во 09:40 часот.

За гаснење на пожарот ангажирани се пет противпожарни возила. Главна задача на пожарникарите била да спречат пожарот да се прошири кон соседните ќелии, каде живеат десетици монаси.

Според достапните информации, зградата на ќелијата е речиси целосно уништена и во моментов се работи на спасување на црквата. Монахот Теофилакт кој живее во ќелија остана неповреден.

На почеток