Некатегоризирани

Над 30 илјади мртви – расте бројот на жртви во Газа

Почна евакуацијата на преостанатите пациенти од Ал Шифа во Газа: „Околу 400 раселени лица се уште се во болницата“

Министерството за здравство на Хамас објави нов биланс на жртви, дека 30.631 Палестинец се убиени во Газа од почетокот на војната со Израел.

Како што е соопштено во изминатото деноноќие загинале 97 лица, а ранети се 123. Од 7 октомври кога започна војната досега се ранети вкупно 72.043 лица.

Повеќето од жртвите се жени и деца, соопшти Министерството, а се верува дека илјадници тела се под урнатините низ Газа и не се вбројуваат меѓу жртвите.

На почеток