Израелски војници во Газа убија Израелец: „По грешка беше идентификуван како закана“
Возач на багер кој работел за израелското Министерство за одбрана е убиен утрово во централниот дел на Појасот Газа, соопшти израелската војска (ИДФ).
Убиен е Џејкоб (Коби) Авитан (39) од Еилат. Тој бил ангажиран да користи багер за да ги урива зградите лоцирани во коридорот низ кој израелската армија ја подели Газа на два дела.
Израелското Министерство за одбрана регрутираше бројни цивили со градежно искуство за задачи за уривање во Газа во екот на војната, со цел да ги ослободи единиците на ИД.
ИД објави дека, според првите резултати од прелиминарната истрага, изведувачот пристигнал во цивилна облека на воена станица во Газа, во област каде што сè уште се распоредени израелски војници. Потоа, според ИД, тој по грешка бил идентификуван како закана.
Војник кој го чувал влезот на воената станица го застрелал и го убил Авитан.