Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тешки израелски напади врз Газа, загинати најмалку 32 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library74fi481gt6i71Q1oAw4

Најмалку 32 лица загинаа во низа израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти денеска палестинската агенција за цивилна заштита. Портпаролот Махмуд Басал рече дека во нападот врз полициската станица во округот Шеик Радван на северот на Газа загинале 14 лица, додека уште седум цивили биле убиени на југот на Појасот Газа кога бил погоден шатор каде биле сместени раселени лица.

— реклама —

Палестинските власти ги оцениле овие напади како најтешки од стапувањето во сила на втората фаза на примирјето, договорена во октомври минатата година преку посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —
— реклама —

Израелската армија соопшти дека целта на нападите била неутрализирање на команданти и инфраструктура на Хамас и Исламски џихад, вклучувајќи складишта со оружје, простории за ракување со оружје и две лансирни рампи.

— реклама —

Откако примирјето стапи на сила, двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово кршење, а нападите во последните 24 часа дополнително ги заострија тензиите во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygitprgec63i2cL9kHaz

(Видео) Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени

Свет | пред 4 дена

— реклама —
gaza44

Нови израелски напади врз Газа, најмалку тројца Палестинци загинаа

Свет | пред 1 седмица

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 месец

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања