Поранешен заложник на Хамас ги опиша 498-те дена мачење и заробеништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 часа -

Свет
media-librarylrb5mhoc9rj55RqAUqp

Поранешен израелски заложник, кој поминал речиси 500 дена во заробеништво во Појасот Газа, изјави дека враќањето на телото на последниот заложник оваа недела значи дека сите ослободени лица конечно можат „да здивнат и да започнат нов живот“, објави Би-би-си.

— реклама —

Триесетгодишниот Саша Труфанов, инженер по електроника во компанијата „Амазон“, бил киднапиран на 7 октомври 2023 година за време на нападот на палестински вооружени групи. Неговата свршеница Сапир Коен, мајка му и баба му исто така биле киднапирани и однесени во Газа, но биле ослободени по повеќе од 50 дена. Труфанов бил пуштен на слобода во февруари 2025 година, по вкупно 498 дена заробеништво.

Во своето прво меѓународно интервју, дадено за време на посетата на Лондон, Труфанов изјави дека враќањето на телото на Ран Гвили во понеделникот го означило крајот на заробеништвото за сите заложници. Тој опиша дека чувството било олеснувачко, но и долгоочекувано, додавајќи дека и по ослободувањето се чувствувал како сè уште да не излегол од Газа, бидејќи дел од неговите пријатели и „браќа“ сè уште биле таму. Моментот, како што рече, бил и горчлив, бидејќи истиот ден бил роденденот на неговиот татко Виталиј. Дури на денот на своето ослободување дознал дека татко му бил убиен на 7 октомври и дека никогаш нема да го пречека.

— реклама —

Труфанов и Коен престојувале кај неговото семејство во кибуцот Нир Оз, во близина на границата со Газа, кога вооружени напаѓачи упаднале во нивните домови. Коен се обидела да се скрие под креветот, но и двајцата биле заробени. Труфанов бил претепан и прободен со нож во рамото, а подоцна, по краток обид за бегство, бил застрелан во двете нозе и удрен со кундак во главата, при што му била скршена черепната коска.

По пристигнувањето во Газа, како што сведочи, бил тепан од цивили и мислел дека ќе умре. Во текот на заробеништвото добил минимална медицинска нега, а скршената нога најпрво му била имобилизирана со дрвена метла, а потоа со дел од метална решетка. Поголемиот дел од времето бил во целосна изолација и за речиси 500 дена само два дена видел друг заложник. Во почетокот бил држен во кафез со минимална количина храна, а подоцна бил префрлен во подземни тунели, каде што со месеци престојувал сам во мрачен, влажен и тесен простор, со чувство дека е жив закопан.

Ова е првпат од 2014 година наваму во Газа да нема израелски заложници. За време на нападот на 7 октомври 2023 година беа киднапирани 251 лице, а убиени околу 1.200 луѓе. Израел потоа започна воена операција во Газа, во која, според податоците на тамошното министерство за здравство управувано од Хамас, загинале повеќе од 71.660 лица. Од почетокот на примирјето на 10 октомври 2025 година, убиени се најмалку 492 Палестинци и четворица израелски војници.

Со враќањето на сите заложници, живи и загинати, треба да започне втората фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната. Планот предвидува трајно отворање на граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа, целосна демилитаризација на Појасот Газа, разоружување на Хамас и другите групи, воспоставување технократска палестинска власт и обнова на разурнатата територија.

Труфанов смета дека тоа не е доволно и дека, покрај обновата, неопходно е да се стави крај на омразата и насилството. Тој моментално минува низ физичка и психолошка рехабилитација, по операцијата на ногата сè уште се движи со помош на патерици, но се надева дека за неколку недели ќе може да заигра на својата свадба со Сапир Коен, што го опишува како своја лична победа над стравот и омразата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvbeiv6jv3o2seOiV3dF

Хамас призна: десетици борци заглавени во тунели – бара притисок врз Израел

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Хамас бара привремен имунитет за 200 свои борци во Рафа – можни тајни преговори со Израел

Свет | пред 2 месеци

media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ

Ако не ги вратат телата на убиените заложници, Израел ќе дозволи ограничена хуманитарна помош

Свет | пред 3 месеци

media-librarysmn3cqcilvd52A4WLNo

(Видео) Во живо се пренесува ослободувањето на заложниците

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања