Промени тема
Контакт

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
izrael-napadnat
Илустрација

Најмалку девет лица загинаа во денешните воздушни напади на израелската војска врз северниот и јужниот дел од Појасот Газа, соопштија палестински претставници од цивилната заштита и здравствените служби, додека израелската страна ги опиша акциите како одговор на наводно кршење на примирјето од страна на Хамас.

Според медицински извори, четири лица биле убиени во напад врз камп со шатори во кој биле сместени раселени семејства, додека во друг напад во Кан Јунис, на југот од Газа, загинале уште пет лица.

— реклама —

Израелски воен претставник изјави дека во последните часови Израелските одбранбени сили започнале напади како одговор на, како што рече, „очигледно кршење на договорот за прекин на огнот од страна на Хамас“ во областа Беит Ханун. Според него, вооружени лица се појавиле од тунели источно од таканаречената „жолта линија“, која претставува разграничување на зоните утврдени со договорот.

— реклама —

Официјалниот претставник ги оцени нападите како „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, тврдејќи дека Хамас извршил повеќе прекршувања на примирјето од октомври наваму, вклучително и распоредување на вооружени лица во чувствителната зона на разграничување.

„Преминувањето на жолтата линија во близина на трупите на Израелските одбранбени сили, додека се вооружени, претставува експлицитно кршење на примирјето и укажува на систематско нарушување на договорот со намера да им се нанесе штета на израелските војници“, изјави израелскиот претставник.

— реклама —

Израел и Хамас во изминатиот период повеќепати меѓусебно се обвинуваа за прекршување на договорот за прекин на огнот, кој е клучен дел од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Газа.

— реклама —

Израелската војска соопшти дека идентификувала вооружени лица во близина на свои позиции во северниот дел на Појасот Газа и дека продолжува со уништување на подземни тунели во согласност со договорот. Во едeн од нападите биле елиминирани двајца вооружени лица, а според израелската војска, можно е да имало и дополнителни жртви меѓу милитантите.

Министерството за здравство во Газа објави дека од почетокот на примирјето, во израелски напади загинале најмалку 600 Палестинци, додека Израел соопшти дека во истиот период милитанти од Газа убиле четворица израелски војници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza1

Тројца убиени во израелски напади во Газа, меѓу ранетите и девојче

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Во Газа расте насилството врз жените и девојчињата, нагло се зголемени раните бракови

Свет | пред 1 седмица

gaza44

Најмалку 73.919 загинати во Газа од почетокот на конфликтот

Свет | пред 1 седмица

media-library0717c2blum7jcMdOpag

Бројот на загинати во Газа достигна 73.910, повредени се 174.914

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања