Нова голема измама: Скопјанка им ветила вработување, а со нивните податоци подигнала кредити

Од
Објавено на

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити.
Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари.
