Коментари

„Кажа дека одговара пред Ахмети, а не пред Владата, а сега вели дека работи за сите заедници“ – Најчевска го обвини Османи за уценување

Професорката по право, Мирјана Најчевска одново го искритикува министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи. Таа смета дека тој немал ниту една активност во корист на етничките Македонци.

„Бујар Османи ни соопшти дека тој во досегашната своја работа покажал дека работи за сите заедници. Мене ме интересира една единствена работа која ја направил за македонската заедница. Дали како таква ја смета посветената работа за внесуваето на Бугарите во Уставот? Или, можеби изјавата дека не одговара пред Владата туку пред Али Ахмети?

Или посветената работа во полза на Косово и Албанија за вереме на преседавањето на Македонија со ОБСЕ? Или можеби со промовирањето на лагата дека етничките Македонци се проруски настроени, а етничките Албанци во Македонија се тие кои се борат за влез во ЕУ? Или со узурпацијата на Министерството за надворешни работи и ставањето на ова министерство во функција на ДУИ? Или со дискриминацијата на дипломатските претставништва раководени од етнички Македонци наспроти тие раководени од етнички Албанци? Или со уцените упатени кон етничките Македонци и заканите во случај овие уцени да не вродат со плод? Навистина ме интересира да ми биде посочена една единствена активност на Бујар Османи која е во корист на етничките Македонци“, напиша Најчевска.

На почеток