Свет

Ники Хејли се повлекува, отворен е патот на Трамп до претседателската кандидатура

За точно една година се изборите во САД: Трамп пред Бајден во пет клучни држави

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли денеска ќе ја прекине кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Хејли планира накратко да разговара со новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.

Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа победи на непартиските избори во 14 од вкупно 15 сојузни држави на САД.

Хејли победи само во Вермонт, а досега победи само во Вашингтон, во сојузната област Колумбија.

На почеток