Македонија

Џафери и Османи нека ги сликаат граѓаните бидејќи се амбицициозни дека замената на документи ќе заврши навреме, им рече Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги повика техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да одат во МВР и да фотографираат граѓани, ако веќе се оптимисти дека за еден месец можат сите 100.000 граѓани кои имаат неважечки пасош, да добијат лична карта. Тошковски одново ги повика партиите да се изгласаат измените на Изборниот законик, бијдеќи само така со пасошите кои имаат рок а немаат „северна“, ќе може да асе гласа.

„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.

Претходно, Џафери кажа дека граѓаните ќе можат да извадат документи до изборите, како и дека тоа зависи од тоа дали ќе поднесат барања, а МВР сигурно ќе ги изработи.

На почеток