СДСМ: Силјановска застана зад изјавите на Ковачев против Македонија
„Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ДПМНЕ застана зад изјавите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев против Македонија, СНОМ, Миладинови, против македонската култура.
Ковачев е е еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик и култура, кој тврди дека Македонија ја фалсификува историјата.
Тој отворено зборува дека Македонија е вештачка држава, создадена од Коминтерната, дека македонски народ не постои, а АСНОМ е столб на антибугарството.
За Ковачев, браќата Миладинови не напишале Зборник туку „Бугарски народни песни“, за него сите македонски дејци се Бугари.
Јавноста очекува одговори од Силјановска.
Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува.
Со ДПМНЕ и Силјановска не е е можна никаква позитивна промена туку само полошо“, велат од СДСМ.