Невакцинираните деца надвор од градинките
Поради опасноста од ширење на големата кашлица, министерот за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заштита од заразни болести.
Комисијата препорача забрана за прием на невакцинирани деца во градинките.
Министерството за здравство апелира до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи само вакцинацијата е најефикасната одбрана од голема кашлица. Министерството ја нагласува важноста од имунизација на децата и ги повикува родителите да му дадат приоритет на здравјето на нивните деца, придржувајќи се до препорачаните протоколи за вакцинација.
Родителите кои ќе одбијат да ги вакцинираат своите деца може да се соочат со казни од 300 до 650 евра.
Директорката на Инспекторатот, Рената Младеновска, посочи дека тие немаат надлежности за да го проверат статусот на вакцини на децата. Тоа може да го прави само Министерството за труд и социјална политика, а Инспекторатот може само да ги казни родителите кои не ги вакцинирале своите деца.
Бројот на заболени од големата кашлица во Скопје е 141, а денеска се регистрирани 3 нови случаи.
Од 15 март се очекува и вакцина против пертусис за постарите лица.