Денеска делегација на Општина Карпош и Сојузот на борци на Македонија ќе положат свежо цвеќе на спомен-обележјето на Кузман Јосифовски- Питу во населбата Козле по повод 75 години од загинувањето на народниот херој.
На настанот обраќање ќе има и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, како и претставник од Сојузот на борци на Македонија, соопштија од Општина Карпош.