Загрозена е благосостојбата на Република Северна Депонија. Денес, параѓубреџиската формација НЕ БИДИ ЃУБРЕ на чело со Ирена Ристиќ украдоа една мини депонија пред МВР пакувајќи ја во 80 вреќи. Ова е голем удар за Министерството за безживотна средина бидејќи е изгубен влогот на нашето мило депонерство и јавно го осудуваме овој вандалски чин, велат од „Министерството за безживотна средина“ .
Потегот кој го чистеа, со години очигледно никој не го чепнал, па вредните активисти собраа над 80 црни вреќи секаков отпад.
Срам за граѓаните кои немаат грам лична култура и вработените во Одделение за лични документи при МВР зад МТВ и нивниот началник, кои секој ден се тука и НИКОГАШ не им текнало , ниту покажале иницијатива овој фреквентен дел да го исчистат, односно да организираат чистење.
Потегот на Ристиќ и пријателите од „Министерството за безживотна средина“ , треба да ги усрами надледнижните, но и да ги охрабри останатите. Ова е добар показател дека што оние кои што им е работа и земаат плата за да ја одржуваат животната средина , ако не го прават тоа, тогаш треба да им покажеме како треба.