Свет

Кралот Чарлс се враќа на должноста

Кралот Чарлс се враќа на должноста: Монарх е сликан на должност за прв пат откако објави дека има рак

Кралот Чарлс беше насмеан во серија фотографии објавени од Бакингемската палата во четвртокот. Имено, монархот кој се лекува од рак се враќа на работа.

Минатиот месец, на 75-годишниот крал му беше дијагностициран рак, поради што беше принуден да се повлече од јавните должности. Но, сликите што ги сподели Палатата покажуваат како кралот се насмевнува додека се ракува со амбасадорката на Алжир во ОК, Нуредина Јазид. Чарлс се сретна и со амбасадорот на Мавританија, Самба Мамаду, а преку видео повик разговараше и со канадскиот премиер Џастин Трудо, пишува Daily Mail.

Овие слики доаѓаат откако беше објавено, а потоа повлечено дека принцезата од Велс Кејт Мидлтон ќе присуствува на церемонијата на Trooping the Color на 8 јуни. Кенсингтонската палата се уште не објавила дали принцезата ќе присуствува на настанот или не.

Кралските фанови побрзаа да купат билети за церемонијата со цел конечно да ја видат принцезата. Како што објавија локалните медиуми, картичките се распродадоа за еден час.

Кралицата Камила заврши 13 официјални ангажмани откако беше откриена здравствената состојба на нејзиниот сопруг. На кралот му бил дијагностициран рак откако бил хоспитализиран поради лекување на зголемена простата.

На почеток