Македонија

Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ

На Палевски му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена  во Беликесир  во Турција

„Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од кривична одговорност, СДС да одговори до кај е екстрадицијата на Палчо, дали на повидок е нов скандал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес конференцијата на Даниела Колева и додаваат:

„Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство.

После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви?

Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено?

На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?“.

На почеток