Македонија

СДСМ: Изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со Пендаровски или изолација со Силјановска

СДСМ: Зошто Мицкоски молчи за средбите со Палевски, што крие?

„На претстојните избори, изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со Пендаровски или изолација со Силјановска.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува.

Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.

Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, велат од СДСМ.

На почеток