Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, тераа бизниси изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ, вели СДСМ


Опозициската СДСМ се огласи за скандалот и корупцијата со набавка на мазут.
„Подобо е ВМРО- ДПМНЕ ДА молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ“, велат од СДСМ.
Капушевски посочуваат е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури, а Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат.
,,Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ.СДСМ дава поддршка на истрагата и очекуваме целосно расветлување на случајот. Секој кој се огрешил треба да одговара.Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега“, соопштија од СДСМ.
