Трамп за говорот на Бајден: „Срам за Америка, најлош говор на претседател“


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќешното обраќање на претседателот Џозеф Бајден пред Конгресот го нарече „срам за Америка“ и оцени дека неговиот говор е „гневен“ и „поларизирачки“.
„Тоа можеби беше најлутиот, најмалку сочувствителниот, најлошиот говор што претседателот некогаш го одржал пред Конгресот. Тоа беше срам за нашата земја“, рече Трамп на социјалната мрежа „Социјална вистина“.
Тој истакна дека говорот на Бајден е исполнет со омраза, според Newsweek.
„Бајден речиси не го спомна прашањето за мигрантите или прашањето за најлошата граница во историјата на светот. Никогаш нема да го реши проблемот со илегалната миграција, ниту сака. Тој сака нашата земја да биде преплавена со мигранти. „Криминалните дела ќе се зголемат на нивоа што досега не биле видени, а тоа ќе се случи наскоро“, рече Трамп.
Во четвртокот вечерта Бајден се обрати пред Конгресот, каде зборуваше за повеќе актуелни теми, како во САД, така и во светот.
