Свет

Француски компании ќе произведуваат воена опрема во Украина

Украина и Франција заедно ќе произведуваат оружје

Франција планира некои нејзини производители на оружје да почнат да ја произведуваат многу потребната воена опрема директно на украинска територија за да и помогнат на земјата во војната против Русија, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну.

„Три француски компании ќе воспостават партнерство со украински компании, особено во областа на беспилотни летала и копнена опрема, со цел да се произведуваат резервни делови на украинска територија, а во иднина можеби и муниција“, рече министерот.

Лекорну летово најави отворање на првите производствени единици.

Што се однесува до француските компании кои би учествувале во производството на воена опрема на територијата на Украина, тој посочи дека, меѓу другото, се работи за производителот на тенкови KNDS, заеднички холдинг на германскиот производител на оклопни возила Краус-Мафеи-Вегман и францускиот државен концерн.

На почеток