Бајден: Тешко е да се постигне примирје до Рамазан, многу сум загрижен што би можело да се случи тогаш
Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа изјави дека ќе биде тешко да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пред Рамазан на почетокот на следната недела. „Ќе биде тешко“, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали е веројатно да се постигне договор пред месецот на муслиманскиот пост.
Тој исто така додаде дека е многу загрижен поради насилството што може да избие во Источен Ерусалим, палестинската територија анектирана и окупирана од Израел, за време на Рамазан, пренесува Index.hr.
Хамас синоќа објави дека нема да направи „никаков компромис“ за своите барања за траен прекин на огнот во Појасот Газа и повлекување на израелските војници во замена за каков било договор за ослободување на заложниците.