Македонија

(Видео) Толку е: Неславен крај на фабриката за автомобили каде Ковачевски и Џафери со министрите од ДУИ фрлаа лопати

Пред една година најавија голема инвестиција за вработување на 900 лица и доделија пари на граѓаните, се сликаа со лопати. По една година, увидоа дека ништо од фабриката за автомобили и ги повлекоа парите. Лопати со цемент фрлаа тогашниот премиер Димитар Ковачевски, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши. На настанот се собраа куп државници. Сега од ТИРЗ велат – запираме со доделувањето на државните средства.

„Дирекцијата на ТИРЗ како застапник на Владата во договорот за доделување државна помош со компанијата ‘е.Го‘ информира дека се запира извршувањето на договорот и на секоја постапка предвидена за доделување јавни средства. Запирањето на доделувањето државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата ‘мајка‘ во Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ ги активира заштитните механизми од потпишаниот договор кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување државна помош. Имајќи го предвид интересот на граѓаните, информираме дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата“, велат од ТИРЗ-Тетово“.

Почетокот на изградбата на фабриката беше одбележан со голема церемнија. Во први редови беа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тогашниот собраниски претседател Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, минситерот за транспорт, Благој Бочварски.

На почеток