Овие избори не се избор за Европа или изолација, туку за ВМРО-ДПМНЕ или Ахмети, Груби, Ковачевски, Маричиќ, посочи Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека СДСМ и ДУИ шест години продаваат шарена лага и потпишале се што имале на маса, така што не само што не ја донеле Европа, туку Македонија ја оддалечиле од оваа цел. Овие избори, според него, не се избор помеѓу Европа и изолација, туку разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти Ахмети, Маричиќ, Ковачевски, Груби, Османи, Зечевиќ, Пендаровски.
„Ги нарушија сите преговарачки позиции и не добија ништо. Дури и последното што беше потпишано, Француски предлог, лага е дека е договор за членство во ЕУ. Ова е договор за дополнителни условувања и ќе го направи патот невозможен за Македонија и македонските граѓани. Шест и половина години не само што не ја донесоа Европа, туку нѐ оддалечија, донесоа криминал, економски назадавувавме, ветуваа раст на бруто домашниот произовид, а го завршивме со најнизок раст во регионот“, кажа Мицкоски.
Тој додаде дека седењето дома е гласање за СДСМ и ДУИ.