Свет

Кристерсон: „Шведска се врати дома“

НАТО испраќа нови сили во Косово

Со интонирање на националната химна денеска беше подигнато знамето на Шведска пред седиштето на НАТО во Брисел.

Знамето беше подигнато по заедничката прес-конференција на шведскиот премиер Улф Кристерсон и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Шведска се врати дома“, рече Кристерсон, според шведскиот јавен радиодифузер SVT.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година, а нејзиниот влез во Алијансата беше блокиран од Унгарија бидејќи Стокхолм ја критикуваше состојбата на владеењето на правото во таа земја.

Унгарскиот парламент на крајот на февруари го ратификуваше барањето на Шведска за членство во НАТО, а на 5 март законот го потпиша и унгарскиот претседател.

Пред тоа, Кристерсон ја посети Будимпешта кога беше потпишан договорот за купување на четири шведски ловци од Унгарија.

На почеток