Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични

ВМРО-ДПМНЕ: Најкорумпираните единки од ДУИ и СДС да се изолираат во некоја казнена установа на подолг рок

,,СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични, се покажа колку се кадарни.

Лагата за фабриката за електрични возила во Тетово испука како пренапумпан балон.

Ниту фабрика, има, ниту автомобили, само потрошени народни пари за промоција за некаков инвеститор.

Од фабриката за автомобили покрај најавите, бината и лопатите остана и ветената државна помош, која власта во неколку наврати ја ветува, и за која ако е исплатена ќе следи одговорност.

СДС се што правеше 7 години е само уназадување на државата, една инвестиција не донесоа, државата со нив само тоне. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток