Алкараз: Бев нервозен, нема да лажам
Вториот тенисер во светот во осминафиналето на Индијан Велс го совлада Унгарецот со 6:3, 6:3, по 77 минути игра и со тоа му се одмазди за загубата од лани на Мастерсот во Рим.
Тоа беше нивна прва средба, а Марошан победи со 2:0 (6:3, 7:6).
„Бев нервозен пред мечот, нема да лажам. Не е лесно да се игра против некој што те победил. Се сеќавам дека тогаш немав можност да направам ништо и беше тешко да се соочам со овој натпревар. Така што јас сум навистина задоволен од тоа како сам ја завршив работата. Почнав одлично, го наметнав мојот стил и знаев што треба да направам, подобро отколку во Рим“, изјави Алкараз по мечот.
Ова беше негова 50. Мастерс победа од серијата 1.000, а повеќе триумфи на негова возраст има само Рафаел Надал, кој собра 82 победи до 21 година.
„По одличниот прв сет, време беше да продолжам да притискам. Се обидов да брејкувам што е можно поскоро, да се одвојам и да не му дозволам да ја наметнува својата игра. Мислам дека направив многу добро што го турнав до границата“, објасни Карлос. .
Во борбата за полуфинале, младиот шпански тенисер ќе игра против подобриот од дуелот во кој се среќаваат Александар Зверев и Алекс де Минор.
Мислам дека направив некои грешки кои не ги сакав и тоа е она што ќе треба да го поправам на следниот натпревар, изјави Алкараз.