Македонија

Ванковска: Од Европа не третираат како инфатилни, а ЕУ одамна не е место на благосостојба

”Како што беше за јавноста изненадување кога се појавив на онаа прес конференција дека настапуваме заедно (со Левица) за предстојните претседателски избори, така претходно беше и за мене изненадување кога се најдов соочена со таква понуда” – искоментира проф. Ванковска, кандидатот за претседателската функција на Република Македонија од редовите на Левица за понудата на проф. Апасиев.

”Јас не сум член на Левица, и не се мешам во политиката на партијата.Но, ние функционираме фантастично. Тие ја почитуваат мојата лична автономија и моите ставови”.

”Во предстојната изборна кампања јас ви ветувам непредвидливост и бурни дебати, и теми кои ќе бидат потполно различни. Имено, постои еден принцип кој се вика “нема друга алтернатива”. А тоа е нешто што се вергла веќе 30 години. Значи, тука имаме догма, која не смее да се преиспитува, не смее да се доведе во прашање”

На прашањето дали НАТО е наметнат или стратешки наратив веќе последните 30 години, проф. Ванковска ја разобличува ситуацијата, потенцирајќи го нејзиното анти НАТО расположение. “Се создаде еден вештачки наратив дека нема друга алтернатива и дека ние отсекогаш сме биле за НАТО. Проблемот е што ние во 90-ите никогаш не отворивме демократска дебата за алтернативи на безбедносното опкружување и консолидирање на малите држави”.

”Јас размислувам за големата слика на светот, кој денес радикално се менува. НАТО придонесе многу заоваа небезбедност во светот, почнувајќи од интервенцијата во 1999 година, кршејќи ја Повелбата на ООН. Во нивните нелегални интервенции, оставија куп земји разурнати. Претседателот на државата е некој кој треба да ги користи дипломатските средства, а не да се сили со војска. НАТО многу допринесе и за небезбедноста во светот и во регионот. Во регионот кое прашање е затворено? Почнете од ова на релација Приштина-Белград, па Република Српска, Босна ви е незавршена држава. Па и Македонија тука малку се ниша во тие темели”…
“Aлтернатива секогаш мора да постои. Неутралноста е опција. Ние сме на линијата на фронтот, а тоа не ни е комотната опција. Само за да на нив им се затвори мозаикот, не втурнаа во НАТО, и тоа по цена на промена на името. Дури и ако сте во НАТО, ако големите сили не се вразумат, овој свет оди кон една апокалиптична судбина. И тука јас не знам колку нашето членство во НАТО ќе не заштити”.

По прашањето за програмата за предстојните претседателски избори, проф. Ванковска посочи дека програмата самата ја има изготвено. “Мојот тим е повеќе логистички и активистички, особени во фазата на собирање на потписи…Левица е далеку од машинерија, што мене многу ме радува. Тоа се обични луѓе, и има една убава атмосфера”.

”Во врска со слоганот за изборната кампања, имаме неколку слогани. Многу се насочени кон мобилизација на граѓаните, затоа што постои апатија, а постои и страв. Мојата агенда е борбена. И мојата програма е борбена”.

Проф. Ванковска потврди дека светот се враќа во едно глобално мнозинство, каде Западот е во еден страшен пад. “Македонија ја гледам во една мирољубива коегзистенција и мултивекторска отвореност кон сите што сакаат да ни бидат пријатели, но не да ни бидат тутори. Не да не третираат како колонија, и сите оние кои не цицаат, а ние уште одозгора и со буџет ги наградуваме. Тоа е такво злосторство врз сопствената нација”. – заклучи на крајот проф. Ванковска.

”Светот оди напред, додека ние чекаме што Брисел ќе ни каже за нашиот напредок. Тоа не е напредок, туку назадок”. – посочи Билјана Ванковска.-“ Европа се милитализира. И наместо повеќе за социјала, тие издвојуваат за оружје. Јас не велам да ги прекинеме односите со Европската Унија, но тие ем не третираат како инфитилни, ем тие нивни барања воопшто немаат смисла. А ние и понатаму веруваме дека е земја на благосостојба. Јас сакам да ја видам ЕУ како сила на мирот”.

Проф. Ванковска уште еднаш обрна внимание на овластувањата и работните задачи на претседателот на државата. – Претседателот може многу да направи. Пред се, да си ја врши надлежноста што му е запишана во Уставот. Тој е тој кој ги потпишува меѓународните договори, затоа и Преспанскиот договор е невалиден зошто го има потпишано министер за надворешни работи. Јас, би си ја вршела мојата работа, би комуницирала со целата меѓународна заедница. Ти ја претставуваш земјата во светот, пишуваш ноти, таму каде треба можеш и да покренеш постапка за носење на нов Устав. Нас ни треба сосема нов Устав. – заклучи Ванковска.

На почеток