Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснува дали стои зад ботовите на мрежата Х кои шират говор на омраза, обвинуваат од кај Пендаровски

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од 200 ботови на мрежата Х кои секојдневно шират говор на омраза, прашуваат на официјалната меил адреса на Стево Пендаровски како кандидат за претседател.

Реториката којашто ја користат овие профили потсетува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ со која, во недостиг на аргументи, партијата неосновано го напаѓа претседателот Стево Пендаровски. На истите профили се забележува и силна поддршка за партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Истите овие профили години наназад шират антиалбански и антизападни ставови. Иако од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема да водат црна кампања против претседателот Пендаровски, сепак секојдневно објавуваат манипулативни видеа во коишто се извадени од контекст изјавите на претседателот Пендаровски. Речиси идентични како и во објавите на мрежата Х.

ВМРО-ДПМНЕ на јавноста треба да ѝ одговори дали стои позади овие профили и дали на социјалните мрежи токму тие се автори на црната кампања против претседателот Пендаровски.

Инаку, тврдењето на ВМРО – ДПМНЕ дека нема да води црна кампања го сфаќаме како лоша пародија, имајќи предвид дека тоа е истата партија која безсрамно вршеше цензура, партија во чие владеење се затворија најголемите медиуми и беше забележан најголем пад во слободата на медиумите.

На почеток