Свет

Путин: Ние сме подготвени, една земја доби застрашувачка порака

Поранешен шведски премиер: Путин сонува за царство, сака да ги проголта Украина и Белорусија

Претседателот на Русија во интервју за државниот канал Русија 1 изјави дека е подготвен за преговори за Украина, потоа се закани со нуклеарно оружје и испрати застрашувачка порака до Полска.

Во тоа интервју рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја е подготвена за преговори за Украина, нагласувајќи дека овие разговори треба да се „засноваат на реалноста, а не на желбите“.

Путин истакна дека сите можни преговори не треба да се злоупотребуваат како „пауза за повторно вооружување на Киев“ и дека мора да понуди безбедносни гаранции на Русија.

Во интервјуто, тој се осврна и на Полска, наведувајќи дека земјата сака да ги врати „оние земји што ги смета за нејзини историски територии, кои и беа пренесени на Украина“, предупредувајќи дека ако Полска испрати свои војници во Украина, тие војници нема да ја напуштат Украина.

Од друга страна, тој напомена дека рускиот развој на интерконтинентални балистички ракети „Авангард“ го „поништи“ ракетниот одбранбен систем на САД.

Во разговор за руските медиуми, Путин исто така рече дека се надева оти САД ќе избегнат каква било ескалација што може да предизвика нуклеарна војна, но нагласи дека руските нуклеарни сили се подготвени за тоа. Тој додаде дека до сега немало потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина.

Тој исто така изрази уверување дека Москва ќе ги постигне своите цели во Украина и дека е отворен за разговори, но за секој договор ќе бидат потребни цврсти гаранции од Западот.

На почеток