Свет

Полска во страв од Русија: Варшава ќе потроши 30 милиони долари на засолништа за бомби

(Видео) Масовно бомбардирање на Газа

Варшава ќе потроши 30 милиони долари за изградба на засолништа за бомби и други безбедносни мерки, во пресрет на третата година од војната во Украина, изјави денеска градоначалникот на Варшава Рафал Цашковски.

Иако Полска им кажува на своите граѓани дека членството во НАТО алијансата ги обезбедува, актуелните настани во Украина поттикнаа подготовки за потенцијални напади, пишува Ројтерс.

Часковски изјави дека во Варшава се пронајдени околу седум милиони квадратни метри кои можат да служат како засолништа и најави дополнителни инвестиции во иднина.

Болниците ќе бидат подготвени за закани, а јавноста ќе се едуцира како да се однесува во случај на опасност. Во 2022 година, полската влада објави дека противпожарните служби ќе ја проверат состојбата на 62.000 засолништа за бомби низ целата земја.

На почеток