Google плати 10 милиони долари на ловците на грешки
Како дел од својата програма за награда за ранливост, Google им исплати големи награди на ловците на грешки во текот на 2023 година.
Компанијата во своето соопштение истакна дека на 632 безбедносни истражувачи од 68 земји им е доделен вкупен фонд од 10 милиони долари, за пронаоѓање пропусти во Android, Wear OS, Android Automotive, Chrome и други производи на Google.
За заинтересираните, највисоката платена награда беше 113.337 долари.
Потрошени се 3,4 милиони долари за пронаоѓање багови и пропусти на Андроид, додека 2,1 милион долари се платени за откривање грешки на Хром.
Откривањето на критичните пропусти во мобилниот оперативен систем беше наградено со максимум 15.000 долари, додека во веб-прелистувачот беа откриени 359 уникатни грешки.
Иако наградата од 10 милиони долари изгледа огромна, таа всушност е помала од 12 милиони долари што Google ги плати за лов на грешки во 2022 година.