Македонија

Директорот на Агенцијата за одземен имот: Тоа што не постигна да го реализират за две децении ние ја реализиравме за 1 година!

„Со огромна чест и задоволство ја информираме јавноста дека денес во собранието е донесен Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка“, вели Дритон Небиу од Агенцијата за одземен имот и додава:

„Донесувањето на новиот Закон односно, 1/3 измени и дополнување на Законот, е резултат на потребата за унапредување на законските одредби како резултат на утврдените недоследности и проблеми во практиката од страна на вработените во Агенцијата за управување со одземениот имот- мојот тим, кои несебично заедно со мене дадоа свој придонес од првиот ден на моето именување. Голема благодарност до Министерот за правда Кренар Лога кој даде огромна поддршка за Законот, Владата на Република Северна Македонија и до работната група која професионално и детално работеше активно.

Со донесување на Законот, сметаме дека ќе биде решен огромен државен децениски проблем произлезен од илјадниците стари возила кои се распространети ширум територијата во нашата земја.

Најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист, промени на не доволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кои е отворена стечајна постапка, конфискација на дивоградбите, прашања поврзани со заложно право над конфискуваниот имот, прашања поврзани со проценката, продажбата на имотот, терминолошко унапредување, унапредување на одредбите за социјално повторно користење (social reuse) на привремено одземениот имот, трајно одземениот имот и конфискуваниот имот, воведување Регистар, a воедно предвидено е Агенцијата да задржува 7 (% ) проценти од вредноста на остварениот приход од секоја продажба на одземените предмети и конфискуваниот имот од страна на Агенцијата, со цел за ефикасен менаџмент“.

На почеток