Свет

Русите гласаат, изходот познат, нов шестгодишен мандат за Путин

Путин ќе ги принудува странците кои доаѓаат во Русија да потпишат „договор за лојалност“

Во период на жестока тригодишна војна, Русија избира претседател. Познавачите и состојбата велат дека има само еден вистински кандидат и само еден победник на претседателските избори во Русија, тоа е Владимир Путин. Поради територијата на Русија, избори траат од денеска до недела.

Популарноста на вечниот владетел, 71-годишниот Путин е многу голема, а официјално голема е и поддршката за војната во Украина.

Путин има тројца противкандидати:Николај Харитонов, Леонид Слуцки и Владислав Даванков, но без никаква шанса бидејќи никој не ужива поддршка поголема од 6%.

Бидејќи Алексеј Навални почина под неразјаснети околности и со силни обвинувања дека е убиен, а на кандидатот на опозицијата Борис Надеждин му беше забрането да се кандидира, нема кој да претставува сериозна пречка за уште шест години владеење на Владимир Путин.

Како претседател или премиер, Путин ја води Русија од 2000 и со промените на Уставот си обезбеди уште два шестгодишни мандата, што значи дека би можел да остане на власт до 2036.

To Top