Скопје

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

СДСМ го обвини Муцунски дека не работи ништо, општина Аеродром им порача да не ги кочат проектите

Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Скопје Аеродром и Чаир – настан што кај сите нас предизвика сериозна загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето, туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите. Ова на својата Фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо
Муцунски по безбедносниот инцидент на вчерашниот натпревар кој беше прекинат поради напад од неофицијални лица врз тренерот и играчите на МЗТ Скопје Аеродром.

Тој потенцираше дека кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се спортски херои во Аеродром, а браќата Дамјан и Војдан вистински кошаркарски легенди, а задача и одговорност на сите е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција.

„Кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се нашите спортски херои, а браќата Дамјан и Војдан национални кошаркарски легенди. Гарантирањето на нивната безбедност и овозможувањето на фер игра се наша обврска и задача. Дополнително, одговорност и задача на сите нас, како заедница и општество е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција“, истакна градоначалникот Муцунски во својата Фејсбук објава.

Имајќи ја предвид сериозноста на вчерашниот инцидент, тој побара од Кошаркарската федерација и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување и нагласи дека неопходно е во иднина сите заедно да работиме на спречување на секоја форма на насилство и агресија на спортските терени.

На почеток