Макрон и Шолц ќе се сретнат денеска во обид да ги изгладат нарушените односи
Претседателот на Франција, Емануел Макрон и канцеларот на Германија, Олаф Шолц денеска ќе се сретнат во обид да ги изедначат односите нарушени од односот кон војната во Украина.
По средбата, на двајцата шефови на држави ќе им се придружи полскиот претседател Доналд Туск во таканаречениот „Вајмарски триаголник“, со надеж дека ќе им помогне во подобра идна соработка, пишува „Еурактив“.
Тензиите се зголемија во февруари кога Макрон одби да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина, сценарио што Шолц веднаш го отфрли.
„Европа е очигледно во момент кога е неопходно да не бидеме кукавици“, рече Макрон пред публиката во Прага, навидум одговарајќи му на Шолц.
Пратеничката на Ренесансата на Макрон, Сабине Тиеј, истакна дека, освен лидерот, соработката меѓу Франција и Германија останува блиска на многу различни нивоа.
Експертите проценуваат дека Туск би можел да го реши ќор-сокакот меѓу Макрон и Шулц и да ги наведе да се фокусираат на зајакнување на европската безбедност.
„Туск би ја променил рамнотежата во правењето компромиси и динамиката на донесување одлуки“, вели Јан Вернерт, истражувач во центарот Жак Делор.
Како што пренесува „Политико“, Макрон во четвртокот во гостувањето на францускиот ТВ канал TF1 го повторил својот став дека не може да ја исклучи можноста за испраќање војници од западните земји во Украина.
„Ако Русија победи, животот на Французите ќе се сменат“, предупреди Макрон