Македонија

Николов: Денот на несреќата во Ласкарци бевме сведоци на нефункционалност на сите инситуции

Поминаа повеќе од 10 дена од трагичната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, каде животот трагично го загубија 15 млади гостиварчани. Деновите поминуваат, но трагедијата од Ласкарци во која загинаа 15 лица не може да се заборави, изјави Игор Николов на денешната прес-конференција.

„Тој ден, сите ние бевме сведоци на нефункционалност на сите надлежни инситуции кои што треба да се справат со итни и кризни состојби и катастрофи.

Го повикуваме премиерот Зоран Заев, директорот на Центарот за управување со кризи како и министерот за здравство да одговорат на следните прашања:

Прво, зошто не се активираше Планот за постапување при итни, кризни состојби и катастрофи?

Второ, зошто не беше формиран кризен штаб кој ќе се справува со настанатата катастрофа и ќе даде вистинска помош на повредените?

Зошто околу местото на несреќата не се обезбеди периметар, од кој што само професионаци ќе имаат пристап до местото на несреќата?

Зошто на местото на несреќата не беа обезбедени соодветни медицински тимови составени од стручни медицински лица, кои што ќе даваат прва помош на повредените и ќе извршат вистинска тријажа на секој поврден за да биде упатен во соодветна здравствена установа?

Кој и зошто одлучи повеќето од повредените или вкупно 35 да бидат однесени во ГОБ 8 – ми Септември?

Со каков медицински потенцијал располага ГОБ 8 – ми Септември? Колку има специјалисти трауматолози? Колку специјалисти неврохирурзи и колку торакални хирурзи?

Зошто побрзавте да се пофалите дека приватните болници помогнале во катастрофата, кога ниту еден пациент не беше хоспитализиран во приватна болница?

Дали вечерта беа вклучени сите кадровски потенцијали на здравствениот систем и зошто не беа повикани специјалисти од другите болници да помогнат?

Дали беше одржан европскиот стандард за еден повреден да има четири медицински работници?

Зошто не отворивте посебна линија, кол центар, каде роднините ќе можат да добијат информација каде се нивните најблиски?

На денот на несреќата, Центарот за управување со кризи покажа целосна неспособност да ја менаџирира катастрофата.

Лекарите и медицинските работници направија максимум во рамки на можностите да дадат помош на повредените, но неорганизираноста во Министерството за здравствио, неорганизираноста во Центарот за управување со кризи, како и лошата координација на институциите го сторија своето.

Ги повикуваме премиерот Заев, министерот за здравство и директорот на ЦУК како да поднесат одговорност и да поднесат неодповикливи оставки“, вели Николов.

На почеток