Македонија

СДСМ: Не е точно дека пратеник од СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата

Не е точно дека кој било пратеник од пратеничката група на СДСМ имал некаква улога во прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Велјановски, велат од СДСМ.

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е тој што требало да обезбеди да заврши седницата и да се премине на одлучување односно гласање.

Воопшто немало ситуација којашто наликува на потреба од прекинување на седницата.

Пратениците беа подготвени да овозможат правдата за 27 април да се тера до крај, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата и не дозволи да има гласање.

Како искусен и искусен претседател на Собранието, Талат Џафери бил сведок на многу посложени, дури и конфликтни ситуации во минатото, во собраниската сала, коишто соодветно се менаџирале во интерес на процесите и исполнување на уставната улога на парламентот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, должи одговор на граѓаните зошто не ја менаџираше ситуацијата туку ја прекина седницата и не дозволи гласање“, се вели во соопштението.

На почеток