14 лица загинаа во рускиот напад, речиси 50 се повредени
Од
Објавено на
Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз Одеса се искачи на 14, додека најмалку 46 лица се повредени, соопштија началникот на регионот Олег Кипер и претставници на итната служба.
Во првиот напад биле погодени куќи, а откако брзата помош пристигнала на местото, се случил втор напад, велат локалните власти. Меѓу повредените има и медицински работници, пренесува АП.
Во нападот била погодена цивилна инфраструктура и избувнал пожар.
Оштетени се приватни куќи, гасовод и спасувачки возила.
Во последните недели Русија ги засили нападите врз Одеса, украинското пристаниште на Црното Море.