Судија на Менхетен го одложи судењето на Доналд Трамп за секс скандалите
Од
Објавено на
Судијата на Менхетен, Хуан Меркан, донесе одлука за одложување на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во врска со наводното прикривање на секс скандали за време и по претседателската кампања во 2016 година.
Судењето, првично закажано за 25 март, според одлуката на судијата ќе биде одложено за 30 дена, јавува американската телевизија NBC.
Окружните адвокати во Менхетен претходно оваа недела поддржаа судењето да биде одложено за да можат да ја разгледаат новата серија документи што ги добиле од федералните обвинители.