Коментари

Најчевска до Бектеши: Дибече мафијашко! Сакаат демократијата да ја заменат со правила на улични банди!

Професорката Мирјана Најчевска, предлогот на министерот Бектеши кој рече „сите јавно да потпишат договор дека губитниците на претстојните избори ќе ја напуштат политичката сцена“ е правило на улична банда. Таа го искритикува ова и него го нарече „дибече мафијашко“.

„Еве ова се тие мафијашчиња кои демократијата сакаат да ја заменат со правилата на уличните банди. Дибече мафијашко, има демократски процедури и правила дефинирани во Уставот и во законите кои не се сведуваат на рекет и улични договори“, напиша Најчевска.

Претходно, Бектеши прашан дали ќе се повлече Ахмети од политиката доколку ДУИ изгуби на изборите, рече дека тоа е прашање за Ахмети.

„Тоа е прашање за г. Ахмети. Но, ве повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии“, нагласи Бектеши.

На почеток