Македонија

Очигледно има струја во ДУИ која посакува крај на политичката кариера на Ахмети, единствени партии кои не поминаа длабоки реформи се СДС и ДУИ, вели Лефков

Очигледно има струја во ДУИ која најавува и посакува крај на политичката кариера на Ахмети. Ние нема да се противиме околу тоа, напротив единствената партија покрај СДС која нема длабоки реформи е токму ДУИ, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска беше прашан за коментар за изјавата на Крешник Бектеши за партиите да потпишат договор, кој ќе ги изгуби изборите да не се занимава веќе со политика.

Лефков додаде дека на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на претстојните избори, при што изрази надеж дека поразените ДУИ, после изборите, нема да се откажат од ова барање и ќе си заминат во политичка пензија.

„Што се однесува до самата понуда, за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека е наредниот победник благодарение на поддршката на граѓаните и желбата за промени. Се надеваме дека нема да се откажат од ова барање ДУИ, поразените, да се пензионираат од политика и за ова прашање ќе ги охрабруваме не само преку изјави, туку и преку дебата да го отворат во рамките на нивните органи и тела при што ќе дојдат до единствен став. Засега нејасно е дали изјавата на Крешник беше негов личен став и иницијатива или партиски став на ДУИ“, рече Лефков.

На почеток