Свет

Русите пак нападнати

(Видео) Експлозии одекнаа низ Русија, има загинати и повредени

Руски системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 35 украински беспилотни летала синоќа во Москва, Белгород, Калуга, Орила, Ростов, Јарослав, Курска област и Краснодарската територија, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Нападот со дрон врз московскиот кварт Ступино е одбиен, потврди московскиот градоначалник Сергеј Собјанин на својот канал Телеграм, наведувајќи дека нема повредени или материјална штета.

„Руските системи за противвоздушна одбрана одбија уште еден напад со беспилотно летало што се движеше кон Москва во градскиот кварт Ступино. Според прелиминарните извештаи, нема повредени или материјална штета на теренот. Службите за итни случаи работат на лице место“, изјави Собјанин, пренесе ТАСС.

На почеток